СДСМ

Заев: Очекуваме победа со повеќе од 61 пратеник, подготвени сме за преговори со ЕУ

Денес сме извесна 30-та земја членка на НАТО, најмоќниот сојуз во светот. Влеговме во НАТО, можеме и во Европската Унија. Изминатите три години донесовме  тешки, паметни и храбри одлуки за решавање на децениските прашања. Одлуки кои беа  неопходни за да направиме стабилна  држава која може да спроведе големи економски промени, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на конференцијата за медиуми во партиското седиште.

„Освен што значи безбедност  и стабилност, членството во Алијансата носи  и повеќе пари за граѓаните.  Само по добивањето на поканата за членство  за НАТО во 2018 година, странските инвестиции, рече Заев, достигнаа рекорден износ зголемен за над  300 отсто  во споредба со износот во 2017 година. Невработеноста е на рекордни најниски 17 отсто, а платите растат во сите сектори. Довербата во македонската економија е вратена“, рече Заев и додаде дека тоа го потврдуваат и растот на извозот и растот на индустриското производство.

„Но тука придобивките од членството во НАТО не завршуваат. Веќе од оваа година се отвора пазар вреден  4 милијарди евра годишно за нашите компании преку нашето членство во НАТО.  Агенциите на НАТО за услуги, набавки, информатика и комуникации стануваат  достапни за сите македонски компании да конкурираат и да ги пласираат нашите домашни производи. Го повикувам бизнис-секторот да биде наш активен партнер и да ги искористи максимално економските придобивки кои произлегуваат од членството“, рече Заев.

На прес-конференцијата за Програмата на СДСМ 20-24 насловена „Влеговме во НАТО, одиме кон ЕУ!“, Заев кажа и дека земјава е на чекор до преговори со Унијата и отворање на првите поглавја, посочувајќи на вчерашниот извештај на Европската Комисија кој нотира значаен напредок во сите области и, како што рече, е „печат за успешните реформи што ги отворивме со многу работа и во тешки услови“.

„Сторивме сè што беше до нас, на ред е Европската Унија да ја исправи грешката и да започне преговори за членство. Подготвени сме за почеток со переговорите, за тоа е потребно да овозможиме континуитет на паметните и храбрите одлуки, а не да се враќаме чекор назад. До 2024 очекуваме да овориме 80 отсто од поглавјата за ЕУ. За шест години успешно ќе ги завршиме преговорите со ЕУ. Со вакво ВМРО-ДПМНЕ преговорите би траеле 60 години и никогаш не би завршиле. Отворањето ќе значи трансформација на целото општество, но и притстап до нови фондови и повеќе пари за инфраструктура, капитални проекти, плати и за подобар живот на народот“, истакна Заев.

За коалицирањето со партиите на Албанците, Заев рече дека се надева дека заедно со партиите од коалицијата на предвремените парламентарни избори ќе победат со повеќе од 61 пратеник. Но, тоа, вели Заев, не значи дека не се отворени за постизборна коалиција, со оглед на тоа што е потребно стабилно мнозинство со цел да се работи на исполнување на сите реформски процеси и развој на економијата за да се подобри животот на граѓаните. Сепак, како што потенцира, тоа ќе се направи само со партии кои ќе се променат на подобро за да може да се подобрат и состојбите во државата.

„Со 61 пратеник се формира Влада, но потребно е стабилно парламентарно мнозинство заради тоа што, рековме, претстои период во кој ќе работиме дома. ЕУ, НАТО, бидна. Решени се проблемите со Грција и Бугарија. Мултиетнички дома сме единствени и сплотени. Треба да работиме на севкупна трансформација дома вклучително и на сите нас како поединци во функција на наше подобрување, на зголемување на продуктивноста, одговорноста, да има ред и поредок. Исто така треба да се работи на економијата, на подобрување на животниот стандард, поголеми плати…, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање дали би коалицирале со ДУИ по завршување на изборите доколку оваа партија биде победник во албанскиот блок.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе