Заев: Oчекувам да се докаже невиноста на Ременски и таа да се врати во партиските органи

Лично верувам во невиноста и презумцијата на невиност и час поскоро ќе очекувам да се докаже таа невиност, за секако да може Фросина Ременски повторно да се врати во органите и телата на партијата, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со неговиот колега Марјан Шарец.

Заев најави дека партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање на Ременски од Централниот и Извршниот одбор.

„Драго ми е што на сите можни начини и форми се докажува владеењето на правото, независноста на правосудството, но секако нашиот Устав ја гарантира презумцијата на невиност. Тоа што го кажав уште кога се отвори овој случај, вчера го повторив, денеска повторно ќе го кажам, партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање од Централниот одбор и Извршниот одбор. Тоа е принципиелен став. Ние изградивме декларативни ставови, ги имаме вградено во органите и телата на партијата”, рече Заев.

На пратеничка Фросина Ременски осомничена во „Рекет” и е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во суд.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе