Започна лидерската средба

Заев очекува поддршка од Мицкоски за спроведување на пописот

Во Клубот на пратеници во Скопје почна лидерската средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која како што е најавено, тие ќе разговараат за претстојниот попис, работата на Парламентот, изборите, пандемијата, економијата, евроинтеграциите. Заев пред средбата изрази очекување дека ќе најдат заеднички решенија за непречено спроведување на пописот.

„Очекувам да најдеме заеднички решенија за пописот да се спроведе непречено, со целосна заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите и истиот да го поддржи и ВМРО-ДПМНЕ, изјави за МИА премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на лидерската средба.

Заев, нагласи дека останува отворен да разговараат и за прашања поврзани со работата на Собранието со цел да се отстранат сите блокади и да се обезбеди непречена работа во корист на народот, како и за темите поврзани со локалните избори наесен.

Од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на средбата брифираат дека на маса ќе се стават најжешките прашања – прашањето за влада, темата со пописот, како и дијалог за законите кои ќе значат вистински бенефит за граѓаните. Додаваат дека граѓаните од политичарите очекуваат одговорност и превземање на крупни чекори и нагласуваат дека на лидерската ВМРО-ДПМНЕ оди со искрени намери и желба да понуди решенија на граѓаните.

Премиерот Заев во четвртокот вечерта соопшти дека ја прифатил понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за нивна тет-а-тет средба.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе