Заев очекува по средбата со Меркел прецизно определување кога ќе го добиеме датумот за преговори

Канцеларката Ангела Меркел, Германија и сите 28 земји членки на ЕУ се конечно позитивни за Република Северна Македонија. Петнаесет години го чекаме овој датум за почеток на преговорите. Заслуживме како никогаш досега. Верувам дека на крајот ќе добиеме конкретна верификација и од канцеларката, но и од Европскиот совет, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено" на телевизија 24.

Прашан што очекува од средбата со канцеларката в четврток, Заев посочи дека сто проценти се потврдени нашите перформанси во делот на реформите и блескавоста на договорот со Бугарија и Грција се конечна потврда дека ние исполнивме се и дека суштината е кога исполнивме се и Европската Унија тоа што го вети треба да го исполни.

„Веројатно по состанокот со канцеларката Меркел ќе имаме подетални информации. Јас сум убеден дека најмалку ќе биде верификувано се што е направено и дека ќе има јасно прецизно определување кога ќе го добиеме датумот за преговори. Мене ми е јасно дека јуни не е толку извесна можност, но имаме можности за јули“, изјави Заев.

Посочи дека очекува моќта на привлекување на ЕУ на земјите кандидатки да опстои и двете стратешки цели, членство во НАТО и добивање на датум за почеток на преговорите ќе бидат исполнети годинава.

„Петнаесет години го чекаме овој датум за почеток на преговорите. Заслуживме како никогаш досега. Блескаме во регионот и во Европа. Сите не користат како одличен пример, верувам дека на крајот ќе добиеме конкретна верификација и од канцеларката Меркел, но и од Европскиот совет“, изјави Заев.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе