На средба со амбасадорите на ЕУ

Заев очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата

Премиерот Зоран Заев, на редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во државава, што се одржа вчера во Владата, изрази очекување до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата.

„Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги започне преговорите со Европската Унија“, истакна Заев на состанокот.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, беа разменети мислења со амбасадорите за актуелните и најважни активности во Македонија, со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.

Премиерот Заев, пред амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, кои беа предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, разговараше за постоечкиот континуитет што оваа Влада го одржува во делот на реформските процеси, во делот на правосудството, борбата против корупцијата како и реформите во јавната администрација.

Дополнително беше разговарано за пописот како клучна статистичка операција која недостасуваше изминативе 20 години и која е клучна за понатамошното развивање на државата на секој план, стои во соопштението.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе