Интервју за ТВ 24

Заев: Обвинителството не утврди вина за бегството на Груевски, јас да бев на местото на Ременски ќе дадев оставка

Премиерот Зоран Заев во вчерашното интервју на ТВ 24 рече дека никој не одговарал за бегството на Никола Груевски, бидејќи за никој не била утврдена вина.

„Обвинителството имаше соопштение во кое кажа дека истрагата не потврдува докази за одредена вина за одредени ситуации. И тие тоа го потврдија. Не можете на слободен човек да му ја ограничите слободата со репресивни мерки за да оневозможите да бега. Секој граѓанин за нас е еднаков. Ако ЈО некаде покажеше и докажеше вина за бегството, јас ќе преземев мерки, ќе разрешев кој и да треба. Ако имало некој што е виновен и тоа е утврдено, немам причина да го штедам. Но никој ниту од обвинителството, ниту од никаде не покажа вина. Груевски беше слободен човек во тој момент, излегол од својот дом, излегол на автопат и ја поминал границата преку Албанија“, рече Заев.

Прашан зошто не побарал оставка од Фросина Ременски, осомничена за случајот „Рекет“, од пратеничката функција, Заев рече дека тоа е нејзино право и таа е директно бирана од граѓаните.

„Оставката од општествената функција е личен чин. Ако бев јас на местото на пратеничката Фросина Ременски ќе се повлечев и ќе чекав да го докажам тоа и да се вратам на голема врата како херој“, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ 24.

„Таа е добредојдена да се врати во централниот и извршниот одбор на СДСМ чим и се докаже нејзината невиност. Од истите причини, односно почитувањето на пресумцијата на невиност, не се откажав од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и од вицепремиерот Бујар Османи. Случајот „Рекет“  јас го пријавив. Не ме интересира кој ќе излезе. Во овој случај за три месеци, почна истрагата и заврши истрагата. Каде се другите случаеви за кои крварев и вадев бомби? Каде се да се реализираат? Ги предизвикувам и обвинителство и судство, треба да ги реализираат и тие случаеви. Нека донесат пресуди, нема аргуементи и докази – невини, има аргументи и докази – виновен. Ова ќе ја промени состојбата во државата, ако секој носи одлука таму каде што е платен“, изјави Заев.

Тој рече дека нема нема индиции за вмешаност на други луѓе од владата во аферата „Рекет“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе