Заев: Новата канцеларија на Скеил Фокус во Скопје е доказ дека ИКТ секторот постојано расте

Македонскиот ИКТ сектор во последните години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и на приходите. Оваа индустрија е најбрзо растечка во земјава и ги вработува најмладите и најпрогресивните граѓани, истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на канцеларијата „Скеил Фокус" во Скопје каде присуствуваше заедно со вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Премиерот Заев упати честитки за компанијата која од 2019 година работи во земјава и која постојано расте и се проширува.

„Скеил Фокус е пример на компанија во областа на информатичко – комуникациските технологии која не ги запре своите активности и во време на пандемија,  работеше посветено на  реализацијата на инвестицискиот план кој е поддржан и од Владата согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Секоја пофалба за создавањето 70 нови работни места во информатичко-технолошкиот сектор, но и проширувањето во ваква модерна канцеларија  од 900 квадратни метри во центарот на Скопје“, рече премиерот Заев и додаде дека пандемијата укажа дека дигиталната трансформација на компаниите се одвива побрзо отколку што очекувавме.

Според последните официјални податоци, додаде,  ИКТ секторот расте по сите основи. Вкупниот приход на индустријата во 2020 година бил скоро една милијарда евра. Тоа е раст од 12 проценти во споредба со 2019 година. Бројот на компании, исто така беше зголемен за скоро 200 нови компании во 2020 година со вкупно 2.378 компании кои работат во ИКТ секторот. Значаен пораст бележи извозот од македонските ИКТ компании, кој забележа 10 процентна стапка на раст. Тоа е 230,81 милиони евра извоз во 2020 година.

Премиерот Заев рече дека бројот на вработени е уште еден показател кој расте и сега брои 16.712 вработени во ИКТ индустријата во 2020 година.

„Тоа е постигнат раст од осум отсто или 1.200 нови вработени во 2020 година во споредба со 2019 година. Годишната плата во компјутерското програмирање е 2,5 пати поголема од националниот просек. Платите во ИКТ индустријата пораснаа во 2020 година, достигнувајќи 1,646 евра вкупно во бруто износ“, подвлече Заев истакнувајќи ги заложбите на Владата кон натамошно подобрување на условите за работа, кои треба да ја раздвижат ИКТ индустријата и да овозможат забрзана дигитализација на компаниите.

Владата, како што кажа, предвидува намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто до 2023 година.

„Тоа треба да биде доволен поттик за натамошен развој на оваа индустрија. Планираме и други мерки, како што се ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата и слично“, заклучи премиерот Заев.

Главниот извршен директор на „Скеил Фокус" Бугарија, Иван Иванов и претседателот на Бордот на директори Пламен Цеков, во своите обраќања истакнаа благодарност до Владата и државните институции за поддршката и рекоа дека како инвеститори се чувствуваат многу добро во Северна Македонија и се задоволни од талентот на младите за инженерските и јазичните вештини, што е клучен чекор за понатамошен раст на компанијата во Западен Балкан. 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе