Предвремени парламентарни избори

Заев: Никој повеќе нема да ја условува татковината, граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе e премиер

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во изборна единица 4, Зоран Заев денеска се обрати на граѓанската посветена на понудата во општина Гази Баба и изборна единица 2.

„Сите сме исти, сите имаме дома деца за гледање, сите сакаме да им оставиме подобро утре отколку тоа што ние го живееме. Сега успеавме во тоа. Гледаат дека ги губат изборите и дека расте поддршката на коалицијата „Можеме" и од Македонците ама и од Албанците, Ромите, Турците, Власите, Србите и од Ашкалиите и од сите. Целосно таа поддршка што ја имаме. И на самиот почеток на кампања Ахмети вика услов Албанец премиер. Никој повеќе нема да ја условува татковината. Само граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе е министер кој ќе е премиер, кој ќе е пратеник, претседател на државата, граѓаните и никој друг. Кога гледаме плус дека водиме со 5, 7, 9 пратеници. Око да не ви трепне, да излезете на гласање и вие таму со заокружување на вашиот глас одлучувате каде ќе оди државата“, порача Заев.

Заев рече дека општина Гази Баба се гради како никогаш досега, 10 крупни капитални проекти се реализираат во овој момент.

„Не ни требаат нивните обнови и преродби. Обновена е татковината, луѓето се слободни, демократијата е во полн капацитет, економијата расте, членка сме на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ. Покажавме дека сме успешни, и дека сé што ветивме, испорачавме“, додаде Заев.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе