Се чекаат детали околу трагедијата во Тетово

Заев: Никој не е венчан за функцијата, но не треба веднаш да даде оставка зашто некој тоа го бара

Премиерот Зоран Заев денеска во Штип повторно кажа дека нема донесено одлука за оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменикот министер Илир Хасани и дека ќе се почека истрагата, но рече дека од трагедијата со модуларната болница во Тетово се извлечени поуки.

Во моментов, како што рече, Заев се прават контроли на сите модуларни болници во земјава.

„Тагата и болката се големи, но трагедии се случуваат насекаде. Веднаш презедовме чекор што мислам треба да преземат и во иднина да не дозволиме да се случуваат вакви трагедии. И оваа трагедија има поуки, се прават дополнителни контроли на сите модуларни болници низ земјава, и веројатно долг период ќе бидат под сериозен мониторинг .

Ваквите објекти или би ги нарекол проекти беа решение насекаде во светот и кај нас за згрижување на многу наши граѓани и ќе бидат веројатно и во претстојниот период.

Тоа се болници за згрижување на пациенти. Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите треба да ги прифаќаме како трагедии со најобјективни претпоставки и најобјективни очекувања и испитувања за нивната причина“, изјави Заев.

Одговарајќи на прашања за понудените оставки од Филипче и од Хасани, но и за неговата изјава дека цела влада нема потреба да поднесува оставка и што треба да се случи за да се разбуди чувството за морална одговорност, Заев рече дека

чувството за морална одговорност е разбудено, но „не можеме да ја распуштиме државата“.

„Болката е голема кај сите нас, сите сме ние обични луѓе од крв и од месо, но трагедии се случуваат насекаде во светот“, вели тој.

Според него, важно е дали целиот систем е добро поставен и да не се дозволи да се случуваат вакви трагедии.

„Никој не е венчан за функцијата, ниту е врзан, ниту од татко му му е наследена функцијата, секој е заменлив, но не треба веднаш да си даде оставка затоа што некој тоа го бара. Оставам експертите да ги кажат сите детали околу трагедијата, тоа го чекаме сите“, рече Заев.

Истовремено, апелираше истрагата да заврши што е можно побргу, професионално и експертски, зашто граѓаните заслужуваат одговори.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе