Преспа форум за дијалог

Заев: Ние сме Европа повеќе од кога било

Балканот може, Балканот испорачува, Балканот е новата надеж на Европа, Балканот е Европа. Ние денес, врз основа на нашето искуство од патот до Преспа и до Договорот со Грција, слободно можеме да го кажеме тоа со потполно право. Ние сме Европа, повеќе од кога било, порача вечерва во Охрид премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на Првата меѓународна конференција во рамки на Преспа форумот за дијалог.

Заев се обрати пред високи претставници на Европа, САД и регионот, кои учествуваат на оваа Конференција, чија основна цел е да се даде поттик на процесот на интегрирање на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но и зајакнувањето на односите со САД.

Во присуство на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, поранешната висока претставничка за надворешна политика и одбрана на ЕУ Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан и други видни домашни и странски учесници, Заев се осврна на напорите кои Северна Македонија и Грција ги презедоа за решавање на речиси тридеценискиот спор со името, кои резултираа со решение, за кое, како што рече, не постоеше пример во политичката историја и во меѓународните односи.

„Од денешна перспектива јас со полно право можам да кажам дека во решавањето на тридецениското прашање со Грција употребивме методологија која до тогаш не беше позната. Оние кои беа проблем одеднаш, и без булдожер дипломатија од трети страни, почнаа да решаваат проблем. Спорот меѓу Грција и тогашна Република Македонија беше преседан во политичката историја и за негова разврска беше неопходно да се најде решение за кое не постоеше пример во политичката историја и во меѓународните односи. Беше потребно иновативно решение, кое ќе излезе од рамка. И дојдовме до решение. Тогаш кога сите тврдеа дека тоа е – невозможно. Ставивме крај на еден спор. Ставивме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите“, истакна Заев.

Со Договорот од Преспа, како што посочи премиерот на светот му се понуди еден нов Балкан, европски, кој покажува и намери и капацитети да биде слободен, поврзан, еднаков вреден и еднакво важен дел од напредниот свет.

Како бесценет го оцени моментот кога на 17 јуни пред три години тој и поранешниот грчки премиер Ципрас во Преспа им ја соопштиле добрата вест на сите народи.

Нагласи дека денес ги собираме плодовите од решениот спор, комплетирана е нашата лична карта во ОН, односите со Грција се исклучително добри, сериозно е подобрена билатералната соработка, има раст на економските инвестиции, бизнис соработка, а веќе имаме и одлуки за заеднички инвестиции во гасоводни проекти како тој во Александруполи.

„За да се постигне ваков договор потребни беа верба дека проблемите можат да се решат и јасна визија. Но, потребни беа и издржливост и упорност. Договорот имаше за цел да го надминеме минатото исполнето со недоверба и навистина да градиме заедничка иднина“, порача премиерот.

Заев уште нагласи дека Договорот од Преспа го означи крајот на една ера и почеток на ново поглавје, како за двете држави така и за регионот пошироко.

„Светот прифати дека и од Балканот може да дојде успешна приказна, која треба, и може да има домино ефект и врз други отворени прашања во регионот, преку нејзината темелна вредност, а тоа е – решение е можно кога за тоа има јасна воља“, нагласи Заев.

Таков пристап, додаде премиерот, треба да се има и кон сите актуелни и идни предизвици.

„Такви се лидерите на Европа. Што ќе беше Европа денеска ако не беа лидерите кои на политичката сцена излегуваа со политички потези за паметење? Што ќе беше ако не беше нивното политичко наследство заради кое ние денеска ги уживаме плодовите на нивното визионерство?“, нагласи Заев.

Премиерот Заев истакна дека денес Северна Македонија е рамноправен дел од најмоќниот сојуз во светот – НАТО, од заробена држава стана современ пример, кој сите го нарекуваат успешна приказна.

„Од држава со авторитарни тенденции, со ускратена или никаква слобода на изразување и лимитирани медиумски слободи, нашата демократија се консолидираше и се унапредува со секој изминат ден. И еве, денес, горд сум што низ „Преспа форумот за дијалог", создаваме и извезуваме нови демократски вредности“, порача Заев на официјалното отворање на Конференцијата. 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе