„Никој не ги носи гласачите в џеб”

Заев: Ние политичарите да не се чаталиме, граѓаните одлучуваат според својот интерес

Политичарите да не се прават важни, граѓаните поддржуваат политики и личности и одлучуваат на изборите согласно својот интерес, порача денеска премиерот Зоран Заев.

„Да не се чаталиме многу ние политичарите. Никој не ги носи гласачите в џеб или тој некој обезбедил или необезбедил. Политиките и личностите се тие што ги поддржуваат граѓаните. Почнувам од мојот СДСМ па натаму. Гледате како лавираме со гласовите, некаде 440.000 илјади на парламентарни, не симнаа граѓаните на 323.000 на првиот круг, сега ни дадоа поддршка од безмалку 440.000…Така граѓаните си ја знаат својата работа, дури и ние политичарите кога мислиме дека тие не знаат. Тие знаат. Многу се и тие одлучуваат согласно својот интерес, интересот на своето семејство, на своите деца и на својата земја. Така носат одлуки. Сите дадоа придонес”, изјави Заев на приемот по повод одбележување на Денот на македонскиот јазик што се одржа во владата.

Тој потсети дека синоќа се заблагодарил на активистите, на политичките партии, на лидерите, на 31 политичка партија и на гласачите на Блерим Река, на двете опозициски партии, бидејќи, како што рече, покажале одговорност кон државата и затоа што ги „ослободиле” гласачите.

„Политичките партии знаат да бидат проблем во делот на гласачите и ги пуштија слободно да носат одлука. Ова е победа на целиот наш народ, на сите етнички заедници, сите партиципираме. Видовте дека прво димензионираат таква перспектива во првиот круг за двете условни страни да трчаат, тоа може само народ да го направи. Вториот дел, уште еднаш се потврди дека претседателот и неговиот избор зависи од сите етникуми во државата, дури да ги тргнете македонскиот и албанскиот. Ќе видите дека без другите, помалите, исто така не бидува избор на претседател. Тоа е  убавината на нашето мултикултурно и мултиетничко општество. И на крајот на денот, убавината е што создадовме една нова вредност. Нашиот нов претседател, Стево Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани”, рече Заев.

Според него, таа вредност е голема придобивка, а самиот тој верува дека сите граѓани ќе го чувствуваат за свој претседател. Но, тоа треба да се покаже низ пракса и низ времето што доаѓа. Заев смета дека тоа е една убавина што го втемелува, зацврстува и гарантира нашето мултиетничко општество кое, како што рече, е наше огромно богатство и предност.

Прашан дали по изборите успеале да разговараат со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за законот за Јавното обвинителство, Заев рече дека очекува денеска да имаат средба. Ако немаат средба тие двајца, тогаш барем министерката за правда Рената Дескоска заедно со нивниот претставник на работната група.

„Верувам дека веднаш треба да работиме. Треба побрзо да ги усогласуваме ставовите. Иако имаме одредено приближување, го забележавте тоа преку нашите изјави. Но, тоа не е се. Има таму и доста значајни теми за кои верувам дека со заемна одговорност и поддршка на државата, пред се во интегративните процеси, но и во воспоставување на јавно – обвинителскиот систем во нашата земја ќе изнајдеме заедничко решение”, рече Заев.

Фото: МИА

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе