Заев: Ни на памет не ни паѓа членство во Евроазиската унија, Собранието ќе го ратификува Протоколот за НАТО

До Владата не стигнала никаква покана за членство на Северна Македонија во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Скопје.

„Веројатно има некоја одбранбена мембрана, ѕид околу Владата, па тешко да стигне таква покана. Затоа што ни на памет не ни паѓа таква работа. Не, нема таква покана и се надевам дека нема ни да стигне“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали по не добивањето датум за старт на прегооврите за членство со ЕУ, земјава добила покана за пристапување кон ЕАЕУ.

Премиерот Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека Собранието ќе биде распуштено на 11 февруари, изрази уверување дека ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО ќе биде завршена навреме и во нашиот законодавен дом.

„Јас верувам дека навремено ќе стасаме со оваа работа. Државата се подготвува, ние со нашите институции, во случајов Прламентот, да не бидеме пречка. Тоа значи на време Парламентот да го донесе новиот закон за одбрана. Тоа е важно затоа што преку него се адаптираме на сето она тоа што е обврска како нова членка на НАТО, а секако и навремена ратификацијата на Протоколот во нашиот Парламент“, истакна Заев.

Премиерот посочи дека е голема чест што САД ја завршија ратификацијата на Протоколот за НАТО, што традиционално тие го спроведуваат последни.

„Претседателот Џафери е конечен во својата одлука кога и да реши да го распушти Собранието. Апелот на сите лидери кои бевме кај претседателот Пендаровски беше да го искористиме законскиот рок од 45 дена за да имаме секако резерва кога ќе го ратификуваат сите земји Оротоколот, да не испадне да дојде до нашиот парламент, а тој не може да го ратификува“, рече Заев.

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе