Брисел

Заев: немојте да станувате наша пречка, бидете нашите херои

По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите со ЕУ сега и веднаш. Подготвени сме за тоа политички и институционално. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти, високо ниво на разочарување кај граѓаните и кај сите кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од Преспа, порача премиерот Зоран Заев на зедничката прес-конференција во Брисел со еврокомесарот за проширување Јохаен Хан.

„Во јуни добивме порака дека Северна Македонија исполни се, но поради календарски услогласувања на земјите членки на ЕУ добрата вест за старт на преговорите ќе ни пристигне во октомври. Октомври дојде и ние сме во Брисел, ја очекуваме заслужената вест за одлука за преговори за нашата стратешка цел членство во ЕУ“, истакна Заев.

Разбираме, посочи премиерот, дека некои членки имаат потреба да отворат дебата за нова методологија за преговорите, но двата прецеса можат да одат паралелно.

„Тоа не пречи да добиеме одлука за преговори сега и веднаш. Ни треба позитивна одлука сега и веднаш. Тоа значи за нас нов процес упорна работа. По 10-те препораки на ЕУ, оптимистичките заклучоци на Советот на ЕУ во 2018 и 2019 и сите наши резултати и реформи, по се што направивме убедени сме дека треба да почнеме со преговрите“, рече Заев.

Потсети дека спроеведувањето на Преспанскиот договор е поврзано со отворањето на поглавјата за ЕУ.

„Сакам добронамерно да предупредам дека ако не се испорача очекувана заслужена позитивна одлука за преговори, кредибилитетот на ЕУ и довербата на нашите граѓани може да бидат ставени под знак прашање. Тоа ќе ги засили регресивните сили во земјата и интересот на трети страни во регионот. Затоа лидери на ЕУ не ги гаснете светлечките ѕвезди кон кои се стремиме, немојте да станувате наша пречка, бидете нашите херои“, порача Заев на пресот со Хан во Брисел.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, од своја страна, уште еднаш ги повика лидерите кои ќе се состанат утре во Брисел да покажат токму лидерство по ова прашање.

„Ги кажавте вашите очекувања од лидерите, да го ставиме фокусот на зборот лидер, очекуваме лидерство. Ако ги погледнете политичките достигнувања во последните две години, речиси ниедна земја во Европа не изодила толкав пат, со толку болни реформи и мерки“, изјави Хан.

Тој додаде дека граѓаните на земјата ја заслужуваат оваа перспектива за да може да се подобри стандардот на живеење и да се намали емиграцијата, посебно на младите.

Хан ја пофали и атмосферата на соработка во Собранието и ја призна улогата одиграна од сите чинители на европскиот пат на Северна Македонија и потсети дека огромното мнозинство земји членки на ЕУ „не бара ништо друго освен да се даде зелено светло за да почнат да се подготвуваат преговорите".

Комесарот, како и премиерот, се согласни со францускиот претседател дека е потребна внатрешна реформа во ЕУ и подобрување на преговарачкиот пристап, но додаде и дека нема никаква причина процесите да не одат паралелно. Хан притоа го потсети Емануел Макрон на неговата изјава дадена во Белград пред неколку месеци дека двата процеса можат да одат рака под рака.

Премиерот Зоран Заев вечерва во Брисел се сретна и со претседателот на Европскиот Парламент Давид Мариа Сасоли.

На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев му изрази благодарност на претседателот на Сасоли за поддршката од ЕП и европратениците кои во огромно мнозинство ја прифатија препораката на Европската Комисија, Северна Македонија безусловно да ги започне преговорите за членство во ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев нагласи дека сѐ уште е оптимист дека одлуката за старт на преговорите сепак ќе биде донесена на самитот на претседатели и шефови на влади на земјите членки на ЕУ во текот на утрешниот ден.

Поинаков исход освен старт на преговори за Северна Македонија, како признание за остварените реформи и за сериозните политички одлуки на земјата како исполнување на препораките на ЕУ, ќе биде поттик за регресивните сили во земјата и обесхрабрувачки сигнал за другите земји во регионот во однос на нивните евроинтеграциски процеси, рече меѓу другото премиерот Заев на средбата со претседателот на Европскиот Парламент.

Сасоли го потврди речиси консензуалното одобрување на европратениците за преговори со Северна Македонија и нагласи дека земјата е успешна приказна за Европската Унија, особено заради начинот на кој се решени прашањата со Грција и Бугарија.

Претседателот на Европскиот Парламент, Сасоли рече дека со овие пораки тој утре ќе се обрати и во Европскиот Совет и ќе побара да биде исполнето ветувањето за позитивна одлука за старт за преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе