„Истражните органи прво да ја завршат работата околу пожарот”

Заев: Немаме проблем за анкетна дебата во Собранието, не бегаме од транспарентност

Немаме проблем во Парламентот да бидат повикани сите претставници за на дебата да се добијат одговори што народот сака да ги слушне, но истражните органи прво да ја завршат работата, изјави премиерот Зоран Заев во врска со истрагата за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово од 8 септември, во кој изгореа 14 луѓе.

„Не бегаме од транспарентност и придонесот да се откријат сите детали и да се дадат сите одговори за тоа што се случило во Тетово како причина за предизвикување на пожарот и самиот пожар. Но, како што е редот, прво да оставиме истражните органи да ја завршат работата. Не може политичките претставници да бидат главни носители на истрагата, не заради политиканство, не заради што било. Кога ќе заврши истрагата таа ќе биде соопштена”, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања на промоцијата на НАТО центарот за поддршка на домашни компании.

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија во Собранието за да се сослушаат сите страни во врска со трагичниот настан, премиерот одговори дека Парламентот го има тоа право и го практикувал во минатото да отвори дебата преку посебната анкетна комисија за да се разговара за сите детали.

„Првиот репрезент на нашиот народ е Парламентот и немаме проблем таму да бидеме и да ги дадеме неопходните одговори кои нашиот народ сака да ги слушне”, додаде Заев.

Одговори и дека „не мисли да го резреши" министерот за здравство Венко Филипче поради писмото кое вчера го пратија хирурзите од Градската општа болница „8 Септември”, незадоволни од условите за работа и тоа што функционираат само две хируршки сали. 

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе