Заев: Немам намера да исполнувам желба за предвремени избори, иако знам дека ќе победам

Премиерот Зоран Заев вели дека на лидерската средба што ја свика за в петок подготвен е да разговара за се и уште еднаш го повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на средбата, изјавувајќи дека прави уште еден обид.

„Лидерската средба останува, се надевам ќе биде присутен Христијан Мицкоски. Очекувам да се појави, бидејќи тоа е негова одговорност. Ние може да седнеме да разговараме, не мора да се договориме. Но, што треба да направиме, да го одложиме пописот уште десет години? Пописот ѝ треба на државата како леб, за секакви политики“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со инсистирањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, Заев вели дека треба да се разговара за Изборниот законик.

„Вели предвремени избори, човеку дај за Изборен законик да се договориме прво.

Не го сфаќам, не гледал причина. Еве бара предвремени избори, дојди за Изборен законик да разговараме. Немам намера да исполнувам желба за предвремени избори иако знам дека ќе победам. Но, не сакам да наштетам на економските перспективи на државата“, изјави Заев.

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе