Му возврати на Мицкоски

Заев: Нема веќе бегање, нема одложување, доста е!

Датумот за изборите не е и не може да биде ниту партиска ниту лична желба, тој е одреден од уставот и законите, реагираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференцијата и изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„На Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните воопшто не им е важно, тоа се само изговори за да нема избори. На средбата кај Пендаровски, Христијан Мицкоски не спомена ниту ‘З‘ од здравје на граѓаните, ниту ‘З‘ од здравство или здравствена криза.

Граѓаните тоа го знаат. Впрочем токму Мицкоски шеташе по кафани и теретани, прекршуваше мерки, а неговиот министер Чулев го поткопува системот одвнатре и го загрозува здравјето на граѓаните. Цели три години ВМРО-ДПМНЕ правеше опструкции, кочници, бојкоти. ВМРО-ДПМНЕ бараше предвремени избори, дадовме предвремени избори. Од декември наваму измислуваат изговори само да ги одложат, затоа што знаат дека граѓаните ќе ги казнат, знаат дека ќе загубат. Нема веќе бегање, нема одложување. Доста е!“, напиша Заев на фејсбук.

Според него, стравот од пораз на изборите не смее да биде причина на која било партија да бојкотира избори или да бара нивно одложување и со тоа да ги става во опасност и народот и државата.

„Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и Устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност. Нема да дозволиме Мицкоски да ја втурне земјата во институционална криза, без Собрание и политичка Влада, нема да дозволиме да биде загрозена безбедноста, сигурноста и здравјето на граѓаните.

Ние не сакаме избори без опозиција, но ако Мицкоски се одлучи на тоа, ние ќе покажеме што можеме да направиме во еден мандат без саботажи“, порача Заев.


Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе