25 КОНГРЕС НА сдсм

Заев: Нема потреба од нов договор со Бугарија

Зоран Заев, претседателот на СДСМ и премиер денеска повтори дека нема потреба од нов договор со Бугарија бидејќи постоечкиот е одличен. Појаснувајќи ја својата неодамнешна изјава дека за решавање на проблемот со Бугарија постојат соодветни алатки и начини како што се јавна изјава, декларација, анекс на договор и слично, Заев рече дека во неа треба да биде наведено дека името Република Северна Македонија се однесува на територијата на нашата држава и дека немаме територијални претензии кон никого.

„Нема потреба од нов договор. И ние се согласуваме, и Бугарија се согласува. Имаме одличен договор којшто треба да продолжиме да го реализираме. Едниот дел е тоа што Комисијата го работи. Веќе има решено историски ликови и историски периоди. Другиот дел е тој што треба да го зацврстиме во делот на пријателството, добрососедството и соработката со Бугарија и немаме проблем со усна изјава, писмена декларација и слично како што тоа го прифаќа и меѓународната дипломатија, а тоа е дека Република Северна Македонија, долгото име на државата, и Северна Македонија, краткото уставно име на државата, се однесува на територијата на нашата земја Република Северна Македонија и никако поинаку и дека немаме територијални претензии кон никој од соседите и кон било кој во светот“, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по конгресот на СДСМ, кој за првпат се одржа онлајн.

Заев нагласи дека немешањето во внатрешните работи на соседните држави, вклучително и на Бугарија, е принцип во којшто верува и оти како држава сме подготвени да преземеме обврска за интензивирање на изградба на Коридорот 8 и за зајакнување на економската соработка. Б

СДСМ од денес гордо може да соопшти дека е првата партија во земјата и регионот и една од ретките во Европа и во светот која има целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените рамноправо во своите органи и тела на партијата, изјави Заев по одржувањето на 25. конгрес на партијата.

Со измените на Статутот на партијата, како што рече Заев, е отворена новата демократска можност за првпат во историјата на државата, една политичка партија да го бира својот претседател на внатрепартиски непосредни избори.

„Новиот претседател на СДСМ ќе биде избран на директни непосредни партиски избори следната година во првото полугодие кога истекува мандатот на ова раководство. За претседател на СДСМ  ќе може да се кандидира секој член со најмалку пет години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат  како член на Централниот одбор со право на глас“, рече Заев и додаде дека ова е врвен чин на демократизација и пионерски чекор во партиското делување во земјава.

Тој информираше дека СДСМ ја менува и преамбулата на Статутот на партијата каде покрај слободата, еднаквоста и солидарноста, се додава и правдата како основно обележје на трајната посветеност на партијата.

„За првпат  се формира и  Форум на пензионери кој ќе има за цел да ги мотивира нашите највозрасни членови и  да ги  искористи нивните капацитети, искуства и знаење во градењето на мерки и политики  за унапредување на животот и на пензионерите и севкупно на животот на сите граѓани“, истакна Зааев.

Претседателот на левичарската СДСМ потврди дека со измените на Статутот, црвената боја станува боја на партијата.

„Тоа е бојата на социјалдемократијата, боја што ја отсликува нашата енергија, сила и верба во подобра заедничка иднина. Тоа е боја на нашето македонско знаме“, истакна Заев.

Претстојат сериозни предизвици, оцени Заев, а тоа е есенскиот бран на коронавирусот кој е во полн налет и се заканува по здравјето и по економијата.

„Како партија предводник на Владата и парламентарното мнозинство  продолжуваме посветено да  работиме на изнаоѓање мерки и решенија кои ќе го заштитат јавното здравје и ќе ја помогнат домашната македонска економја“, истакна Заев.

Преседателот на СДСМ посочи дека пред нас е период на заокружување на уште една стратешка цел , а тоа е интеграцијата во ЕУ  преку отворање на првите поглавја и започнување на преговарачкиот процес.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе