Заев: Нема одложување на изборите, пописот наесен 2020 или во април 2021 година

Два можни термина за спроведување на Пописот, кој беше одложен поради предвремените парламентарни избори, се есента 2020 година и април 2021 година. Премиерот Зоран Заев денеска посочи дека ќе се почитуваат препораките до Државниот завод за статистика, но и дека многу е важно прво да се донесе Законот за попис.

„Дали ќе имаме попис во 2020 или 2021 година, законот треба и мора да го донесеме заради тоа што пробниот попис успешно помина и државата мора да има попис“, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се донесе Законот за попис.

Изрази уверување дека Законот ќе биде донесен и дека проценката на Заводот за статистика ќе биде конечна.

„Ја видов изјавата на евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој апелираше законот да се донесе, а одлуката е 2020 или 2021 година. Знаете и дека опозицијата имаше забелешки, дајте да се одложи пописот. Сега веќе кога одлучивме консензуално изборите да бидат април 2020 година, тогаш ја губиме пролетта за одржување на пописот“, изјави Заев.

Очекувам, нагласи Заев, деновиве Заводот за статистика да предложи до Владата стручна анализа како тие гледаат на одржувањето на пописот.

Премиерот Заев денеска ја отфрли можноста да се одложат изборите поради престојната ратификација на Протоколот за членство во НАТО во Собранието на Република Северна Македонија.

Протоколот откако ќе биде ратификуван од сите земји-членки, треба да дојде во нашето Собранието, каде пратениците исто така ќе пристапат кон негово ратификување со што ќе се официјализира членството во Северноатлантската алијанса.

„Се договоривме и ги замоливме сите политички партии од владината коалиција и од опозицијата за консензуално прифаќање на датумот 12 април“, рече Заев денеска по посетата на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Нагласи дека во името на сите го замолил претседателот Стево Пендаровски да ја искористи уставната можност за распуштање на Парламентот меѓу 45 и 60 дена пред изборите и тоа да го стори на 45 дена до изборите.

Со тоа, додаде Заев, би го добиле цел февруари, според пресметките до 26 февруари, со цел во тој период Собранието да биде функционално и да се ратификува Протоколот.

„Очекуваме и нашиот Парламент да спроведе ратификација и со тоа да станеме полноправна членка на НАТО. Треба да се земе предвид дека во Шпанија на 10 ноември се одржуваат избори, така што ни остануваат цел декември, јануари, па и февруари да се заврши процедурата, рече Заев и додаде дека се чека во Шпанија да заврши изборниот процес и формирањето на владата, по што и таму ќе се пристапи кон ратфикацијата.

 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе