Заев: Нема договарање за поткуп во разговорите обезбедени со ПИ мерки

По рочиштето за случајот „Поткуп" во Основниот суд Скопје 1 кое траеше повеќе од два часа, премиерот Зоран Заев кој е обвинет во постапката во изјава за медиумите рече дека нема ништо незаконско во прислушуваните разговори кои се доказ во оваа постапка.

Заев додаде дека на денешното рочиште кое беше затворено за јавноста биле преслушани сите разговори обезбедени со ПИ мерки и прегледани сите СМС пораки, но ниту во разговорите ни пак во СМС пораките немало договарање на поткуп.

„Нема ништо од обидите за земање поткуп во разговорите, ниту во СМС пораките. Во разговорите има разговори со службеници од општина Струмица, како и со сведокот Иван Николов за да се забрза процесот за купување на земјиште, но не и за поткуп. Сите разговори се преслушани, во нив никој не побара пари и повеќе од јасно е дека се работи за монтиран процес“, изјави премиерот Заев по завршување на рочиштето.

Неговиот адвокатски тим појасни дека Апелацискиот суд сѐ уште нема донесено одлука по жалбата на обвинителството и не се знае дали јавноста ќе може да ја чуе и види целосната снимка чии делови веќе беа објавени на Јутјуб и која е доказ во оваа постапка.

Следното рочиште за случајот Поткуп е закажано за 30 април.

К.Д.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе