Во интервју за МИА

Заев: Нема да дозволиме криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјата

Сите замешани во случајот „Рекет“ кои прекршиле закон да си одговараат со соодветни казни, во транспарентна правосудна постапка. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви, вели премиерот Зоран Заев.

Во интервју за МИА, Заев вели дека жали ако од некого бил погрешно разбран или протолкуван, но останува на определбите за кои претходно зборувал, како и на вербата во вредностите за кои отсекогаш се борел.

„Нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ“, рече Заев.
Коментирајќи ја својата синоќешна изјава која предизвика огромен број реакции и коментари, Заев вели дека и тој и Владата цврсто стојат во одбрана на слободата на изразувањето, слободата на медиумите и во одбрана на човековите права на сите индивидуи во земјата.

„За мене и за Владата сите луѓе се еднакви. Не правиме разлики врз основа на верска, етничка, социјална, политичка, сексуална или каква било друга основа. Заедно со сите граѓани посветено го градиме и ќе продолжиме да го градиме концептот на едно, заедничко и фер општество за сите. Владата цврсто стои на својата определба за недискриминација и за почитување на различностите на сите заедници во земјата, вклучително и ЛГБТИ заедницата. Во Северна Македонија нема веќе напади врз ЛГБТ лица, се одржа слободна и безбедна парада, а сексуалната определба е вклучена во измените на новиот Закон за антидискриминација, за кој опозицијата гласаше против.
Во однос на случајот ‘Рекет‘, сметам дека секој граѓанин, без разлика дали е политичар или новинар, има обврска кон правната држава и кон јавниот интерес сите индиции и информации за злоупотреби да ги пријави во истражните органи, како што тоа јас прв го направив. Примарна цел во расветлувањето на случајот ‘Рекет‘ мора да биде јавниот, а не личниот интерес. Како што јавно, без предрасуди верувам и се залагам за праведно општество, исто така го почитувам и сопственото право со термини и речник што го користи секој наш граѓанин да посочам на поединци или појави што се негативни во општеството.
Зборувам за карактери на луѓе и нивно однесување. И како што од дно на душата ги почитувам и промовирам суштинските вредности на новинарската професија, а тоа се целосната слобода на говор, изразување и критика, така имам полно право да дадам и карактеристика дали некој суетно или со други намери креира впечаток во јавноста“, изјави Заев за МИА.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе