За случајот „Рекет”

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја симнат Владата (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев, кој денеска се врати од одмор, по прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека нема да дозволи Владата да падне поради случајот „Рекет“. 

„Јас го пријавив случајот ‘Рекет’ и јас ќе се борам до крај тој да биде расчистен, а сите што се вмешани да одговараат. Шпекулациите со кои некој се обидува да ме инволвира, уште еднаш ќе кажам – јас сум Зоран Заев. Дојдов благодарение на гласовите на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, за правна држава, за владеење на правото, за нормална држава. Јас сум борец човек и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, нека ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат Владата од власт. Ќе се бориме до крај“, рече Заев.

Тој повтори дека отфрлил секаков вид шпекулации со неговото име и стои целосно зад тоа. 

„Мислам дека јавноста и вие новинарите сте информирани за деталите, освен оние што истрагата ќе ги соопшти на крајот. Верувам во транспарентни истраги, односно во прецизни и брзи истраги. Јас јавно отфрлив секаков вид шпекулации со моето име и стојам целосно зад тоа. Јас сум човекот што го пријави случајот, да не биде заборавено. Денеска оваа политичка гарнитура преку извршната власт создаде услови правосудството, еве го јавното обвинителство, непречено да работи. Без разлика дали некој бил газда на медиум што ја поддржувал власта. Денеска тој е во притвор. Но презумцијата на невиност треба да се почитува без разлика дали е инкриминиран, има индиции, некој што е висока позиција како што е Катица Јанева, која е во СЈО. Секаде каде што ќе се утврдат докази, секој што е инволвиран од земање пари што се појавуваат во тој скандал, го прекршил законот, треба да си одговара. Ние одамна испративме порака дека кај нас нема политички калкулации“, изјави Заев.

Тој додаде дека нема намера да поднесе оставка, ниту ќе има предвремени избори сè додека земјата конечно не зачекори сигурно на евроатлантскиот пат.

Видео: 360 степени

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе