Македонско-руски бизнис форум

Заев: Нема алтернатива за ЕУ и НАТО, соработката со Русија не е порака кон Брисел

Реактивирањето на Мешовитата меѓувладина комисија со Русија не значи никаков наводен одговор кон ЕУ, туку единствено заложба за интензивирање на економската соработка, рече премиерот Зоран Заев по денешниот Македонско-руски бизнис форум во Скопје.

На новинарско прашање дали ако не добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, Кина и Русија може да бидат опција, Заев повтори дека единствена алтернатива за земјава се ЕУ и НАТО.

„Ова не е никаква порака. Работиме на подигнување на нашиот стандард. Треба да правиме сѐ што носи бенефит за нашиот народ. Верувам дека аспирациите на земјава ќе се исполнат, но и дека паралелно ќе постигнеме економски просперитет“, изјави Заев.

Македонско-рускиот бизнис форум е во рамки на 9. сесија на Мешовитата меѓувладина комисија која ќе заседава утре во Охрид, а се активира по пауза од пет години.

Заев рече дека одлуката за одржување на Меѓувладината комисија е договорена уште во 2017 година.

„Терминот не е избран никако заради одредени пораки или слично. Германија, Франција, Холандија, сите соработуваат со Руската Федерација на економски план и апсолутно тоа не треба да значи никаква порака. Тоа значи дека ние работиме на унапредување на економските состојби во нашата земја. Потенцијалите пред нас се огромни заради ниското ниво на економска соработка што досега сме го имале со Руската Федерација. Се што носи придобивка за нашиот народ треба да го правиме. И ние политичарите од овде и Руската Федерација, и од Брисел и од Лондон, и од Вашингтон и секаде, целиот свет тоа го прави. Ние сме модерна развиена земја, секогаш напоменуваме дека нашиот пат е интеграција во ЕУ и НАТО и алтернатива за тоа нема“, рече Заев.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе