Локални избори

Заев неколку пати рекол, па порекол дека ќе се повлече, вели Мицкоски

„Многупати Зоран Заев кажал, па порекол, така и овој пат, мене ме загрижува ова кое се случува меѓу двата круга посебно политиката на делби и поделби, на или-или коментари, разгорување на меѓуетничка тензија која се случува низ Македонија, треба да знаат граѓаните дека ставањето на „ол-ин" и ставањето на граѓаните пред свршен чин, и клекнувањето на државата од владеачкото дуо СДСМ – ДУИ има само една цел да ги задржат привилегиите од власта и заедно да продолжат ортачки да крадат од тендерите и да ги пљачкосуваат граѓаните“, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава од Гевгелија, во врска со изјавата на Заев за негово повлекување.

Мицкоски истакна исто така дека овој изблик на национализам и штитење на национални права од страна на ДУИ и „ол –ин" политиката со плашење на граѓаните, е само со единствена цел власта да се задржи за да можат да продолжат заедно ортачки да го пљачкаат народот и државата, а граѓаните треба тоа да го знаат.

Мицкоски посочи дека наспроти ова граѓаните од било кој етникум без разлика на било каква определба секогаш имаат партнер во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што целта на партијата е да ги штити интересите на народот.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе