Има ли роднинска поврзаност со последната заплена на дрога

Заев: Небитно кој со кого се дружел или бил близок, законот е еднаков за сите

Ако некој го прекрши законот ќе си одговара, без разлика со кого е близок,со кого се дружел или со кого пиел кафе, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од страна на опозицијата за евентуална вмешаност на негов братучет во запленетата дрога во вредност од 800 илјади евра при заедничката акција на МВР и на ДЕА .

Премиерот нагласи дека неговиот прв братучет Трајче Заев веќе имаше јавен коментар за овој настан, а ниту лицето Александар, кое се споменува, не е вработен во семејните фирми на Заеви, ниту пак комбето е во нивна сопственост.

„Впрочем, комбето има грчки регистарски таблички. Немам што да додадам, ниту да одземам, законот важи еднакво за сите. Александар може да дружи со мојот прв братучет колку сака, законот важи еднакво за сите. Или некој началник на полиција можел да биде на слика со соработник со Заев, со Спасовски, законот важи еднакво за сите. Заврши времето кога такви случаеви беа табу тема во нашата земја. Кој со кого сака нека е близок, или кој со кого нека се дружел, или пиел кафе или го има со кого сака на фотографии, ако го прекршил законот ќе си одговара“, изјави Заев, по средбата со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе