Предвремени парламентарни избори

Заев: Не смееме да си дозволиме влада на ВМРО-ДПМНЕ која носи опасност

На 15 јули ќе се спроведе гласање со целосна заштита, безбедни се сите мерки за заштита од ковид-19. На 15 јули е важно да се гласа, бидејќи се носи голема одлука за сопствената иднина, за иднината на нашите најблиски, за иднината на нашата татковина, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„На овие избори одлучуваме дали ќе продолжиме да одиме напред или ќе се враќаме назад. Дали ќе растат платите и ќе се полнат џебовите на граѓаните, или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски кои сега се нудат да ја водат државата. Дали ќе го прочистиме судството од корумпираните судии и обвинители или остатоците од заробената држава ќе ги спасуваат Камчев и Груевски, и сите други кои ја ограбија државата. Дали откако влеговме во НАТО ќе влеземе и во ЕУ или ќе им дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа и да не вратат во режим и изолација. Дали ќе се справиме и заштитиме од коронавирусот или ќе оставиме неодговорни луѓе опасни по здравјето да донесат хаос и паника“, вели Заев.

Според него, не треба да се мисли дека работата е веќе завршена и дека не смее да се дозволи да се прокоцка „шансата што заедно ја создаваме овие три години“.

„Денес, нема подобра и посигурна опција од СДСМ и Коалицијата Можеме. Гласот за СДСМ е глас за сигурност, глас за да спречите влада на ВМРО-ДПМНЕ и нова опасност.

Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за кој било кој би можел да коалицира со Мицкоски. Глас за ДУИ е глас за Мицкоски, глас за Мицкоски е глас за обнова на режим“, додаде Заев.

Тој порача дека се обврзуваат оти првата работа која ќе биде следниот период е реформата на правосудниот систем во државата и ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на безбедни избори.

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе