Заев не слушнал за новите „бомби“, партнерските односи со ДУИ стабилни

Партнерските односи со ДУИ се стабилни, довербата помеѓу мене и лидерот на партијата Али Ахмети е голема. Свесни сме дека имаме одредени слаби кадри во нашите редови и затоа и зборуваме за промените и тие се случуваат. Јавноста ги лови слабостите и затоа се случуваат корекции и во СДСМ, и во ДУИ, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање колку е стабилна коалицијата со Демократската унија за интеграција.

Во однос на новите т.н. бомби од прислушувани разговори наводно на лица од ДУИ, кои вчера беа  пласирани на Фејсбук, и дали ќе побара одговорност од коалицискиот партнер зашто има индиции за криминал, Заев рече дека не слушнал дека се појавиле нови „бомби“ и не може да ги коментира зашто, како што рече, не знае дали се од објавените материјали што ги поседуваше СДСМ или се нови.

„Дали има или нема индиции зависи од тоа колку е очигледна работата или не е. Кога јас ги објавував „бомбите“ на најтранспарентен начин, секогаш зборував за индиција. Затоа и беа процесирани постапките, затоа беа предадени материјалите. Според датумите кога биле правени, по моја проценка, една третина од материјалите беа во наша сопственост, дел од тие што биле снимени во тогашната УБК една третина биле доставени до опозицијата. Добро е што денес има закони за тоа. Очекувам институциите да постапат, зашто финиширањето на Пржинската влада и договарањето беше и правна регулација на неовластеното пуштање во промет на снимки, особено во делот на приватноста“, рече Заев.

Во врска со обвинувањата за криминал што кон директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство ги упати сега разрешениот економски директор на ГАК Ваљон Беља, кадар на ДУИ, Заев рече дека проблемите со него биле поодамна и дека Беља бил планиран за смена уште пред да биде разрешен од министерот Венко Филипче.

„Тој така настапи затоа што му беше соопштено дека ќе биде разрешен и тргна по тој пат, Откако слушна дека ќе биде променет, истапи со вакви работи. Индициите за одредени криминални дејствија или било што, истражните органи треба да ги проверат, почнувајќи од Зоран Заев па надолу, по хиерархијата на извршната власт, без оглед за кого се работи“, додаде Заев.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе