Премиерот на новинарско прашање

Заев: Не се чувствувам како уценет политичар

„Не се чувствувам како уценет политичар, овој процес го водевме максимално транспарентно", одговори денес премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата во Владата на прашањето на МКД.мк за тоа дали после она што се случи со Законот за амнестија и уставните измени се чувствува како уценет политичар.

„Знам и убеден сум длабоко во душата дека кога со Грција се помиривме, можеме да се помириме и дома преку јасна одговорност. Законот за Амнестија е само почеток на помирувањето. Брат со брат не разговараат меѓу себе заради политика, а тоа не е здраво. Ние испраќаме порака до нашите млади. Помирувањето е здраво и е потребно на Македонија", одговори Заев.

На прашањето дали стои зад тоа дека ќе плати политичка цена за ова што го прави, премиерот рече дека стои зад тоа и дека тоа е оценка на граѓаните на Република Македонија кои, како што рече Заев денес даваат поддршка на исходот од гласањето.

„Чекавме 27 години и додека светот оди напред, ние стоевме во место. Сега чекориме кон иднина", дополни Заев.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе