„Пуста желба за власт, пусто само да се победи“

Заев не размислува за оставка: Зошто? Мицкоски да дојде премиер да биде?

Не размислувам за оставка, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на барањата на опозициските партии за негова оставка по пожарот во тетовската модуларна ковид-болница во кој загинаа 14 граѓани. Тој во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.

„Зошто? Мицкоски да дојде премиер да биде? Не размислувам, затоа што тој ќе биде премиер или заменик-премиер претседателот на Алијанса кога ќе заслужат, кога ќе имаат емпатија со народот, кога ќе бидат тука да помогнат, кога ќе даваат идеи. А не вака грозотијата да ја користат на најлош начин, кога целата наша нација е во длабока болка и црнило. И тоа во трите дена на жалост без да калкулираат за чувствата на семејствата, на децата, на родителите, на сите нас. Болката е искрена кај сите нас и тоа го гледаме.. Нема да се победи, сè додека вака се однесуваат ќе губат на избори затоа што другата алтернатива е заедништвото, инвестициите …“, рече Заев, одговарајќи на прашањето дали тој лично размислувал за оставка од морални причини.

Тој, по посетата на новата фабрика за кабли во Сарај повтори дека ќе ги почека форензичките извештаи за да се дознае од што точно е предизвикан пожарот и тоа да може да се превенира во иднина, па потоа ќе донесе одлука за оставките на министерот Венко Филипче и заменикот министер Илир Хасани.

Според Заев, модуларните болници во земјава се безбедни и се од истиот тип и со истиот стандард како што се и насекаде во светот.

„Тие спасија илјадници животи и во моментот во нив има околу 200 наши граѓани кои се лекуваат ширум земјата. Секако верувам дека се безбедни и се согласно стандардите и така треба да продолжиме и да ги користиме. Како што реков и вчера, дополнително проверките се засилени за да може да се проверат од секој аспект, и од противпожарен и од безбедносен аспект“, рече Заев.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе