Потврди дека ќе има ветинг

Заев не ја коментира Русковска, политичарите требало да избегнуваат коментари за судски постапки

Премиерот Зоран Заев не сака да ја коментира вчершната најава на обвинителката Вилма Русковска дека ќе бара финансиска истрага за судиите во Апелацискиот суд кои донесоа одлука поранешната сепцијална јавна обвинителка Катица Јанева да биде префрлена од Шутка во куќен притвор, бидејќи политичарите не требало да коментираат судски постапки.

„Не коментирам за обвинителката Русковска. Прибе во својот извештај вели политичарите да избегнуваат коментари за одредени постапки на судии, обвинители“, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на веб платформата „Отворени финансии“.

Заев повтори дека ветинг ќе има за судовите и обвинителствата, бидејќи тоа е неопходен процес што мора да се случи.

„Нашиот народ очекува протресување на судии, обвинители, политичари, директори… Тоа треба добро да се организира. Поучени од искуството од Албанија треба да знаеме дали сме подготвени, да се анализира за да не останеме без судии и обвинители. Ветигот е наша обврска како општество. Мора да се помине низ тој процес. Во иднина очекуваме низ поглавјата да имаме трансформација на нашето општество. Мора да се протресеме сите, да се знае дека ако сме влезени да и служиме на државата, треба транспарентно да ги дадеме сите наши податоци и за нашето семејство за да го отстраниме личниот интерес“, рече Заев.

Тој потсети дека имал и политичко ветување за реизбор во правосудството.

„Аргументите беа дека немаме доволен резервоар при евентуално анулирање на одредени судии и обвинители. Ако се случи стотина да не можат да го поминат ветингот, немаме како да го пополниме тоа. Ние по систематизација во правосудството имаме 750 судии, а во моментот има 520. И ако се случи стотина да не може да го поминат ветингот ние немаме од каде да ги надополниме тие стотина, а не пак другите 200. Академијата има ‘тесно грло‘ и не продуцира многу луѓе“, рече Заев.

Сепак, тој верува дека има квалитетни кадри со над пет години искуство, адвокати, универзитетски професори… Во врска со овој процес, како што рече, има позитивни сигнали и од опизицијата и се надева дека наскоро ќе се реализира.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе