Заев не исклучува одлагање на изборите ако не се донесат суштинските закони

Премиерот Зоран Заев не исклучува одлагање на изборите најавени за април, доколку во Собранието не се донесат суштинските закони кои, како што вели, се значајни за животот на граѓаните, но додава дека тој сепак, не го посакува тоа.

„Сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред сѐ граѓанска и политичка е да не дозволиме што било да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со 120-те закони што се на дневен ред на собраниската седница.

На прес-конференцијата во Владата, тој кажа дека нема да им го дозволат тоа на сите оние што се обидуваат да опструираат, но апелираше и до парламентарното мнозинство да биде во собраниските клупи за навремено да се донесат суштинските закони.

Заев рече дека секој ден следи што се случува во Парламентот и оти одговорност имаат сите – и пратениците и Владата и локалните самоуправи.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе