Личните карти во нова законска процедура

Заев не гледа ништо спорно ако во личните карти ја пишува и етничката припадност

Можноста етничката припадност да се впише во личните карти беше дадена уште со законот прифатен со уставните измени, тоа би можело да биде проблематично за патувањето во земји од регионот во кои е дозволен влез и со лични карти, но тоа не е доволна причина во нив да не биде ставена етничката припадност, изјави премиерот Зоран Заев. Предлагачи во Собранието за внесување на етничката припадност се група пратеници од Беса.

„Прво, согласно меѓународните стандарди, државјанството е обврска. Со законот што го прифативме уште при уставните промени, а и сега сме на тој став, даваме опција да се впише и етничката припадност. Тоа значи дека покрај тоа што сме Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, можеме да се пишеме и како етнички Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми... Личната карта е пред сѐ документ за лична идентификација во земјава. Добро е што личната карта во регионот на Западен Балкан може да се користи и како патен документ за влез во Србија, Албанија, Косово, Црна Гораи Босна и Херцеговина. Државата и навистина нѝ е мултиетничка и на граѓаните им е дадено правото во својата лична карта да ја имаат впишано и својата етничка припадност", изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање во Тетово.

Етничката припадност во личните карти е дел од предизборниот договор меѓу партијата Беса и СДСМ, Зоран Заев, а предлагачи во собраниската процедура се група пратеници од Беса.

Инаку, во денешните изјави Заев рече и дека заклучно со вчера вечерта, СДСМ ја достигна бројката од 50 илјади освежени членства во партијата. Процесот ќе трае до крајот на месецов, а потоа ќе следи подготовка за партискиот конргрес што ќе се одржи идниот месец на кој ќе се избира претседател на внатрешни непосредни изори, рече лидерот на СДСМ Заев.
Тој ги отфрли обвинувањата за негова вмешаност во какви било внатрешни процеси во ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека тоа е внатрешно прашање на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе