Откако го прочита Извештајот на Обвинителството за пожарот

Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани, немале политичка одговорност

Премиерот Зоран Заев смета дека нема политичка одговорност на министерот за здравство Венко Филипче и на заменикот-мионистер Илир Хасани, за пожарот што избувна во модуларната ковид-болница во Тетово, каде загинаа 14 луѓе. Заев, попладнево на прес-конференција рече дека случајот не треба да се политизира и несреќи се случуваат, за што последен пример е Романија, каде исто така избувна пожар во ковид-болница.

„Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, кои од морални прични поднесоа оставки. За евентуалните грешки причинети од човечки фактор ќе се произнесат надлежните органи“, изјави денеска премиерот Заев, додавајќи оти им ја дава довербата да продолжат да го водат здравствениот систем.

Заев нагласи дека останува на ставот оти нема да дозволи политизирање на трагедијата во тетовската болница.

„Ние политичарите и извршната власт, генерално не смееме и нема да го толкуваме извештајот на вештите лица кои постпауваа по наредба на Јавното обвинителствот на Република Северна Македонија“, истакна Заев.

„Откриена е причината за пожарот и таа е јасно и јавно објавена. Ја примив оваа информација и постапувам и веднаш дадов насоки до Минизтерството за здравтсво во најкус можен рок да се извршат темелни теренски контроли во сите модуларни болници. Сега е најважно да се засилат контролите и проверките за да се намали ризикот од вакви несреќи предизвикани од страни предмети во иднина, поради што за жал изгубивме 14 животи“, рече Заев.

Тој наведе дека ни се случи страшна трагедија, но не сме единствена земја во светот во која се случуваат вакви трагедиии и при тоа повторно изрази сучувство до семејствата на загинатите.

Претходно денеска, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, информираше дека во Основното јавно обвинителство  Тетово е доставен Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.

„Со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат“, се вели во соопштението.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе