За тужбата за клевета

Заев не дојде на судење, Николоски бара пресуда во негова корист

Премиерот Зоран Заев иако денеска не се појави пред судот, неговиот адвокат кој го застапува побара јавно извинување од страна на Александар  Николоски. Заев го тужи Николоски за изјава дадена во медиумите во врска со случајот „Рекет“.

Со неговата изјава само се сака да се повреди честа и угледот на Заев, вели неговиот адвокат. Тој додава дека бара паричен надомест од околу 500 евра.

Николоски пак пред судот изјави дека тужбеното барање на тужителот е неосновано од повеќе причини.

„Спорната изјава од моја страна е дадена во целост согласност со правото на слобода на изразување, загарантирано со Уставот на РМ и Европската конвенција за човековите права, вели Николоски.Да ви се заблагодарам прво на вниманието, навистина долго рочиште мислам дека немаше потреба имајќи в предвид дека завршните зборови ги имавме написмено, но еве благодарам на вниманието. Се надевам дека неискуството нема да влијае на одлуката во овој предмет, имајќи предвид дека се промени судија. Досега се водеше коректно се надевам дека и така ќе остане. Јас сум апсолутно убеден дека Зоран Заев не може да го добие овој спор против мене во тужбата за клевета. Всушност најдобар доказ за тоа е што повторно не се појави на рочиштето. Да ја потсетам јавноста дека тој ме тужи мене, а не го тужам јас него. И тој не се појавува на рочиштата на кои што ме тужи мене. Ве заморуваме вас, ја заморуваме јавноста со банални работи, со работи кои се добро познати на македонската јавноста, за коишто всушност суд даде и народот на изборите кои се одржаа во неделата на 31 октомври, така што самото негово непојавување во судот доволно говори за топа на чија страна е вистината. А, вистината е јасна и едноставна, тоа е дека во Македонија имаше рекет, дека предмет на рекет беа повеќе од еден бизнисмен, дека беа изрекетирани многу средства, дека имаше јасна пирамида и јасно е кој беше на врвот на таа пирамида. Очекувам судот да донесе пресуда во моја корист“, изјави Николоски. 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе