Заев: Настапот на Пендаровски беше несоодветен, ама тоа е слобода

Слобода во демократско општество. Вака премиерот Зоран Заев ги коментираше вчерашните меѓусебни обвинувања на претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство, Венко Филипче околу доцнењето на вакцините против ковид-19 и вакцинирањето на наши граѓани во Србија.

„Слободата е придобивка. Порано беше мисловна именка да не се согласуваат. Здраво е да имеме несогласувања, но тоа не значи дека не се почитуваме“, рече Заев, одговарајќи на новинарско барање да ја искоментира вчерашната преписка помеѓу Филипче и Пендаровски.

Според Заев, не е срамота тоа што граѓаните се вакцинирале во Србија, како што искоментира Пендаровски, затоа што тие таму оделе како индивидуалци по сопствена волја, односно не ги организирала државата.

„Ние не превземеме обврски, не дај боже ако нешто се случи цела една држава да ја носиме таму. Граѓаните можеше да одат како поединци, но индиувидуално, не како институција, не како држава“, смета Заев.

Според него, настапот на Пендаровски како несоодветен. Заев рече и дека бил информиран за одговорот што го упати Филипче, како член на Владата, откако претседателот, по седницата на Советот за безбедност, изјави дека сликите од вакцинирањето на македонски граѓани во соседството се израз на солидарност на Србија, ама се срам за државата.

„Јас многу го почитувам претседателот Пендаровски, ама нападот од него не е соодветен, со оглед на сите напори што ги правиме за набавка на вакцините. Знам за одговорот на министерот Филипче, секако дека сум упатен кога реагира член на Владата“, изјави Заев по денешната средба во Собранието со претставници на коалицијата Алијанса/Алтернатива.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе