Заев: Најдобро решение за обвинителството е она донесено со консензус

Најздравото решение за обвинителството е она донесено со консензус, порача претседателот на Владата Зоран Заев по денешната посета на рудникот „Бучим" во Радовиш. Забележа дека министерката за правда Ренета Дескоска за планот Б за обвинителство не кажала ништо ново.

– Никој не посакува да бараме решение така притиснати од време, сите седнати на маса, политичарите, парламентарците и сите да изнаоѓаме решение. Затоа секогаш постојат алтернативи, со кои можат да се најдат решенија. Но, најздраво решение е она коешто со консензус ќе го донесеме сите, како што пропишал уставотворецот, законодавецот со најмалку две третини, а јас верувам дека со консензус е возможно, тоа да се донесе, се со конечна цел и овој значаен сегмент од правосудството, јавната обвинителска дејност да ја гарантираме во иднина, вели Заев.

Тој посочи дека со цел јакнење на капацитетите на судската власт, со ребалансот на буџетот предвидени се 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра да се исплатат на судиите, коишто имаат побарувања од 2016 година, а за обвинителството оваа сума е 93 милиони денари. Заев додаде дека со планирањето на новиот буџет за 2020 година се прават и анализи за зголемување на коефициентот за вработените во судството. Заев истакна дека демократските процеси одат рака под рока со демократските чинители, затоа се и власта, опозицијата, Владата и Пралмаентот.

Верувам дека овие преостанати неколку дена ќе не направат доволно мудри и одговорни сите, да бидеме одговорни пред граѓаните сите и да го усвоиме со консензус законот за јавно обвинителство, рече Заев.
Прашан дали е повикан како сведок во случајот „Рекет", Заев одговори дека покана се уште не добил.

-Немам добиено покана, секако стојам на располагање за кој било термин. Јас сум тука во државата, рече премиерот Зоран Заев, кој денеска беше во посета на рудникот „Бучим", на прославата по повод 40 години од неговото постоење, и 15 години откако компанијата „Солвеј" управува со него.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе