Заев најави средба со Мицкоски, ако има напредок во преговорите за СЈО

Премиерот Зоран Заев најави дека денеска ќе има состаноци во Министерството за правда за да ги добие последните информации за работните средби за новиот закон за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО. Целта, како што вели, е навремено да се заврши процесот, а ако има напредок би можело да биде одржана и средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Ако се случат одредени исчекори во делот на преговарањето, ние лидерите на двете политички партии, би оствариле средба за конечно заокружување на законот. Сакаме да постигнеме консезус и за овој закон. Овде имаме и политички одлуки кои треба да ги донесеме, затоа и ќе треба лидерска средба за законот за јавно обвинителство“, изјави денеска Заев пред презентацијата на истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените.

Во однос на пораките од Државната комисија за борба против корупцијата за непотизам и судир на интереси при вработувања, Заев потврди дека дел од критериумите врз основа на кои ќе се направат најавените реконструкции се и укажувањата од Антикорупциска.

„Антикорупциската комисија беше јасна и гласна, тоа потврдува дека имаме систем, а тоа е најголемата вредност. Системот би бил систем ако постапуваме по него. Онаму каде што има влијание на одредени функционери и со тоа обесправиле граѓани во рамноправноста или во компетитивноста за вработување ќе следува одговорност. Дел од критериумите за промените кои треба да се случат се и укажувањата од Антикорупциска“, додаде Заев.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе