Заев најави средба со Борисов на почетокот во јануари

Недозволиво е во 21 век да зборуваме за јазикот, за идентитетските прашања, тие се апсолвирани прашања, одговори денеска премиерот Зоран Заев за време на еко акцијата „Аминистрацијата чисти со Не биди Ѓубре“, каде беше прашан за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија.

Тој најави средба со премиерот Бојко Борисов која би требало да се одржи на почетокот на 2020 година на која, како што рече, ќе разговараат отворено и пријателски, а не да се префла, кој прв кажал.

„Ние сме пријателски земји и ваквите дисонантни тонови се недозволиви каде што во 21 век зборуваме за идентитет којшто е впишан целосно во сите анали, во сите документи и во сите меѓународни организации. Јас го добив аплаузот и од бугарските пратеници кога зборував на македонскиот јазик во Европскиот парламент“, истакна Заев.

Премиерот посети на на договорот што е потпишан за соработка и пријателство со Бугарија кој е на три јазици, и дека тој е потпишан согласно Уставот, односно на македонскиот јазик.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе