Заев најави смена на над 200 функционери, „метлата“ ќе чисти до почетокот на јули

Над 200 лица ќе опфати најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев. Покрај министрите, кои утре Собранието треба да ги разреши и да гласа за новите предлози на премиерот, „метлата“ ќе опфати заменици министри, директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори, директори на локално ниво…, најави премиерот Зоран Заев.

Во интервју за ТВ Сител тој оцени дека доволни се промените во министерските места во Владата и дека се продолжува со промените по вертикала, а очекува целиот процес да заврши на почетокот на јули.

„Голем дел од незадоволството беше концентрирано кон високи функционери кои ги нарекуваа и локални шерифи. Дел се политички функционери од СДСМ, каде се завршија големи промени, почнувајќи од најниско ниво, односно претседатели на општинските организации, извршниот одбор, централниот извршен одбор, дел од потпретседателите се нови каде сме во финална фаза, директорските места се тие каде што допираат граѓаните и секако од министерските места и дел од заменичките министерски места, што ќе се случат во периодот што претстои. Јасно ја доловив пораката од граѓаните каде лежи незадоволството и секако дадов шанса на одредени министри кои имаат поголем капацитет и можат да го покажат. Верувам дека успешно го завршуваме тој процес. На самиот крај ќе ги очекуваме и следните решенија што ќе се случат на директорски места на централно ниво, во делот на управни одбор, надзорни одбори, на подрачните единици, директорски места на локално ниво. Комплетно ќе се работи за севкупна политичка и општествена промена на повеќе од 200 луѓе“, рече премиерот.

За промената на министерот за финансии Драган Тевдвоски, потенцира дека не е незадоволен од работата на министерот и дека единствената причина е неговото влегување во ова Министерство.

„Се работи за министер и министерство кое ги направи најголемите реформи или е поврзано со реформите што се случија во државата или дефинитивно претставува од тие што направија најмногу реформи. Така што благодарение на тоа Министерство се зголемија минималната плата, се укина радиодифузната такса и се обезбедија финансиски средства, преку самото Министерство се димензионираа политики кои овозможија подигање на социјалната политика. Влегувам во последната фаза јас лично како политичар кој добил мандат од граѓаните дефиниран преку парламентот да ја составам Владата во конечните реализации на програмските определби. Како што се зголеми социјалната помош, верувам дека следуваат доста храбри чекори, доста решителни кои чест и одговорност ми е да ги носам јас и во таквите храбри и решителни чекори да постигнеме сериозни ефекти во зголемувањето  на просечната плата“, рече Заев.

Тој додаде дека доколку бидат перформансите доволно добри ќе донесе и храбри одлуки и во делот на зголемување на пензиите со таргет од 1 јануари 2020 година. Тоа, според него, дефинитивно ќе значи чувствување на граѓаните на придобивки од севкупните економски политики.

Во врска со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки кој со реконструкцијата е предлог да биде на чело на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, рече дека работите се решени низ дијалог и дека одлуката била заедничка Дураки да го напушти ресорот екологија и да премине во новото министерство.

„Низ разговори ги решавме работите. Притисок нема. Довербата е голема. Заедничка беше одлуката господинот Садула Дураки да ја напушти екологија. Тој е висока политичка фигура во ДУИ, одговорноста на едно општество за сите е на сите. Ова Министерство само по себе е создадено за да поминеме во едно ново ниво на живеење и опстојување етнички различни во мултиетничка Република Северна Македонија. Доста беше рамковен договор, Македонци, Албанци… Преку ова министерство сите стануваме граѓани. И тоа поминување на тоа повисоко ниво дефинитивно треба да биде дефинирано од помалку бројните заедници, не само од албанската. Во него ќе учествуваат и другите помалку бројни заедници. Од помалите етнички заедници ќе биде пополнети заменичкото место и државниот секрета“, изјави Заев и додаде дека очекува Дураки да даде придонес, бидејќи тој е потпретседател на ДУИ и тоа е основата зошто тој како политички претставник на најголемата албанска политичка партија во Владата си ја зема таа одговорност и тоа е сосема еден друг амбиент од тоа што е екологија.

Во интервјуто изрази уверување дека во октомври ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ.

„Поприлично сум сигурен дека октомвриската одлука ќе биде одлука за добивање датум за преговори. За мене е неповторлив драгоцен момент кое нашето општество, нашата држава, нашиот народ мора да го искористи. Доаѓаат убави времиња комплетно за сите граѓани во наашта земја. Во период од добивање НАТО членство или пред добивање членство и датум за почеток на преговори во сите земји кој поминале низ тој процес во некои шест месеци до година биле драгоцени и неповторливи и максимално треба да ги искористиме“, рече тој.

Во врска со објавената снимка со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Заев изјави дека доколку истрагатата го потврди тоа треба да сноси одговорност и дека ќе побара оставка.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе