Пред пратениците во Собранието

Заев најави разрешување на судиите кои намерно застарувале предмети и завршница на предметите на СЈО

Убеден сум дека само перформансите се реалност и затоа стојам овде пред вас. Се обврзувам дека како премиер со сите министри ќе покажеме уште еднаш и пред себе и пред светот дека можеме уште повеќе и подобро, изјави мандаторот Зоран Заев во експозето пред пратениците во Собранието.

Со гордост и со чист образ се обврзувам дека заедно со целата влада ќе покажеме уште еднаш дека можеме. Ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро, вети Заев од собраниската говорница.

Имаме план за стабилна економија. Платите ќе продолжат да растат, а со нови пакети ќе ги помагаме ранливите категории граѓани. Нашите цели се јасни 20.000 денари минимална плата и 34.000 просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат, рече Заев.

Тој вети и реформи во правосудниот систем.

„Доаѓа време на неселективно владеење на правото. Првиот чекор, е веќе направен од страна на Антикорупциската комисија, за испитување на имотната состојба на судиите и јавноте обвинители. Исто така се проверува и работата на судиите. Судиите за кои ќе се докаже дека свесно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Предметите од СЈО, кои со години лутаат во судските лавиринти, мора да добијат разрешница“, рече Заев.

Државата и целиот свет, посочи тој, се наоѓа во ситуација што се заканува на сите сегменти на живеење и со изборот на оваа влада го комплетираме системот што ќе работи за справување со последиците од корона кризата.

– На овие избори имавме историска можност со Беса да ја формираме коалицијата Можеме. Денеска таа програма усогласена и дополнета со нашите коалициони партнери ДУИ и ДПА е преточена во програма за работата на владата 2021 – 2024 година. Нова енергија во остварување економски раст, модерно образование и справување со пандемијата, изјави Заев.

Покажавме, што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на пандемија, и ова, посочи Заев, е мотив да продолжиме да работиме да се вратиме на стапките на раст, зошто можеме.

Се обврзуваме во време на криза минималната плата да ја задржиме на 14.500 денари и да ги помагаме граѓаниете и компаниите. По завршување на кризата Владата ќе се обврзе на 20 до 30 отсто раст на минималната и просечна плата. Наша цел е 20 илјади денари минимална плата до крај на мандатот. Во зависност од траењето на светската криза, се обрзуваме да оствариме раст од 4 посто, изјави Заев.

Најави отворање разговор и носење со консензус одлука за даночната политика.

Износот на нето инвестициите ќе бидат една милијарда евра. Нивото на јавни инвестиции ќе порасне на две милијарди, а стрнаските директин инвестиции на над една и пол милијарди. Домашните и странските инвестиции ќе ги поддржиме со 300 милиони евра од буџетот и 300 милиони од странските фондови, изјави Заев.

Ќе продолжоиме, најави Заев, со инвестирање во нови патишта и автопати и железничка инфрастурктура.

За да го постигнеме ова е важна стабичност и затоа е неопходно да го заврши својот четиригодишен мандат, изајви Заев.

Следува, посочи Заев, реформа на јавната администрација, со цел да даде максимум ефикасни услуги на граѓаните.

Пандемијата покажа дека дигиталните услуги и дигитализацијата, не само што се потребни, туку се и неопходни. Токму во таа насока и ќе продолжиме. Ќе разгледаме неколку модели за реформи на администрацијата и намалување за 20 проценти со реорганизација, пензионирање и трансфер во приватниот сектор, изјави Заев.

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе