По најавената „метла“

Заев очекува првите промени во Владата да се случат најдоцна до средината на јуни

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека знае кои лица би ги поставил на местата кои ќе бидат испразнети по најавената „метла " во Владата и други државни институции, и дека веќе разговара со некои од нив. Очекува првите промени да се случат најдоцна до средината на јуни.

Веќе разговарам со луѓе особено нови луѓе кои треба да дојдат на позиции кои ќе бидат променети и испразнети. Разговорите течат. Секое слободно време го користам за да разговарам со тие луѓе за да можам да потврдам дека се нафаќаат и прифаќаат да ја работат таа работа, така што верувам дека ќе стигнам не подоцна од крајот на првата половина на јуни, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот објект на ОУ „Вера Јоциќ" во Хиподром.

Прашан за неговите советници и како ги избира, Заев одговори – „ги избирам по потреба на државата".

Последните двајца што ги избрал, за кои договорите се привремени и не подолги од една година, се писателот Венко Андоновски и Александар Ружин.

Андоновски е задолжен за постапката за отворање македонски културен центар во Србија, а Ружин работи на неколку проекти и инвестиции од компании од Белгија и Франција и на обезбедување претставништво на полска компанија за оружје како дел од НАТО-агендата.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе