Владата почнува постапка

Заев најави масовна смена на функционери, директори, раководители...

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата најави дека почнува постапката за разрешување на високи државни функционери, директори, раководители, членови на управни одбори и владини институции.

Заев наброи над 50 лица, функционери, директори... кои ќе бидат разрешени. Притоа ги спомена директорот на ЈП „Македонија пат“ Гајур Кадриу, на „Здравствен дом“ Скопје Злате Мемедовиќ, директорот и претседател на УО на МЕПСО Сашо Василевски, економскиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство Ваљон Бела, в.д. директорот на Агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД Ќахил Ибраими, директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, на Драмски театар Скопје Викторија Арангелова Петровска, претседателот на Управен одбор и директор на ЕСМ Драган Миновски, директорот на Железници Ирфан Асани...

На некои од овие лица, Заев најави дека ќе им биде понуден нов ангажман, доколку се заинтересирани.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе