На прес-конференцијата за отчетот на Владата

Заев најави лидерска средба до крајот на годината

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека доколку претседателот Стево Пендаровски не организира лидерска средба поврзана со евроинтеграцискиот процес и ветото од Бугарија, дека самиот тој до крајот на годината ќе биде организатор на таква средба на која би се разговарало и за ковид-кризата.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика лидерска средба, но не сум во тек што се случува. Доколку не се свика таква лидерска средба, јас би го контактирал претседателот Пендаровски за оргагнизирање на таква средба. Доколку тој нема таков план, веројатно јас до крајот на годината ќе свикам лидерска средба на која теми ќе бидат и евроинтеграциите, но и ковид-кризата како и за други прашања од интерес за граѓаните, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање во рамки на отчетот за сработеното на Владата во првите 100 дена.

Тој истакна дека власта сака да изгради консензус по повеќе прашања и проекти, а оти еден таков е и проектот за изградба на нов Клинички центар.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе