На Генералното собрание на ОН

Заев на средби со Мишел и Анастасијадес: Признание за напредокот во реформските процеси

Премиерот Зоран Заев, како дел од своите активности во рамките на Генералното собрание на ОН денеска имаше средби со белгискиот премиер Шарл Мишел и со претседателот на Кипар, Никос Анастасијадес. 

На средбата со Мишел, како што соопшти владината прес-служба, било потврдено дека земјава во последните две години направила исклучителен прогрес во остварувањето на реформските процеси дома, како и во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во членство во ЕУ, преку одличната соработка со европските институции.

Заев го запознал Мишел со актуелните активности на Владата поврзани со очекувањата на Европскиот Совет во октомври, Македонија да го добие датумот за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ. 

Мишел, пак, ги поздравил „досегашните успеси на Северна Македонија во процесот на остварување на европските интеграции и изразил надеж дека иницијативноста во таа насока ќе продолжи и во наредната фаза на преговори.

На средбата со Анастасијадес, Заев ја нагласил исклучително позитивната и конструктивна улога што Кипар ја одиграл во поддршката на процесот и решението на проблемот со името со Грција, и додал дека сега, кога оваа пречка е конечно надмината, се очекува целосна и силна поддршка од Кипар во актуелната фаза од нашиот процес за членство во ЕУ, кога се очекува позитивна одлука за старт на преговорите наредниот месец.

„На средбата беше истакнато дека Република Северна Македонија е подготвена целосно да го прифати развојот на пријателски и сеопфатни односи со Кипар во сите области од заемен интерес, особено во делот на економската соработка, зголемување на обемот на трговијата во областите на земјоделството и прехранбената индустрија, туризмот, банкарството и финансиите и во други области”, се додава во владиното соопштение.

На средбите присуствувале и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. 

 

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе