Заев на средбата со Мицкоски: Граѓаните имаат демократско право да се изјаснат за иднината на Македонија

Како одговорни политичари, во дадениот момент имаме обврска да им овозможиме на граѓаните на Република Македонија да го остварат деморкатското право и да добијат шанса да го дадат своето мислење во однос на договорот, изјавил премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Повеќе од 25 години, колку што е активен овој спор, граѓаните немаа прилика да видат ниту решение, ниту да се изјаснат. Овој договор ја гарантира иднината на Македонија како членка на НАТО и ЕУ”, рекол Заев и на Мицкоски му порачал дека и тие како опозиција треба да овозможат фер шанса последниот збор да го кажат граѓаните на референдум.

Тој додал дека референдумот, како што стои во владиното соопштение, е консензус меѓу ВМРО-ДМПНЕ и СДСМ како најголеми политички субјекти во Македонија со години наназад, и „сите заедно треба да се заложиме граѓаните сами да одлучат за својата иднина и никој нема право да ги спречува во тоа”.

Заев, исто така порачал дека политичките субјекти треба да се обединат околу идејата за референдум и заради националните приоритети на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе