Собрание

Заев на средба со Села и Касами во потрага по 2/3 мнозинство за Законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието ќе се сретне со лидерите на албанските опозициски партии со цел обезбедување поддршка за новиот Закон за јавно обвинителство и решавањето на статусот на СЈО преку истиот.

Третата средба на работните групи на Владата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат средба денеска во 18 часот во Министерството за правда. Темата е Законот за јавно обвинителство, откако завчера амандманите на опозицијата беа испратени до министерката за правда, Рената Дескоска.

Пред два дена Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со осумте независни пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ по нивното гласање за уставните измени.

Владејачката коалиција е во потрага по двотретинско мнозинство во Собранието за усвојување на измените во Законот за јавно обвинителство, со кои се дефинира статусот на Специјалното јавно обвинителство.

Европската комисија бара овој закон да биде донесен со широк консензус и така да се зацврсти неговата иднина како услов земјата да добие датум за преговори со ЕУ во јуни.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе