ВО РАМКИ НА КОНГРЕСОТ НА ПЕС

Заев на средба со премиерот на Шведска: Неопходно е повлекување на Груевски и неговите најблиски соработници

СДСМ информира дека партискиот лидер Зоран Заев и потпретседателката Радмила Шекеринска учествуваа на Конгресот на ПЕС, кој се одржува во Будимпешта, Унгарија. Таму првиот социјалдемократ се сретнал со премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, со кој разговарале за актуелната состојба во Македонија и можностите за продолжување на преговорите за решавање на длабоката политичка криза во земјава.

Според СДСМ, Заев ги истакнал принципиелните позиции на партијата, како и предлозите Република Македонија да ги врати демократските вредности, во интерес на граѓаните и иднината на државата, за што, како што тврдат, постои целосно разбирање и силна поддршка од шведските социјалдемократи.

„Неопходно е повлекување на Никола Груевски и неговите најблиски соработници, кои ги создадоа проблемите во земјата, за преодна Влада да создаде неопходни услови за организирање фер и демократски изборен процес. Само на тој начин може да се обезбеди нормализација на институциите, независност на судството, медиумите и конечно враќање на демократските вредности и европската перспектива на Македонија“, рекол Заев на средбата, стои во соопштението на СДСМ.

Социјалдемократот Зоран Заев и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска учествуваа и на лидерската средба, на која присуствувал и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, заедно со лидерите на повеќе сестрински партии од Европа.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе