Заев на средба со ДИК: Сите професионално да си ја завршат работата за референдумот

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК, Оливер Дерковски и членовите на Комисијата. На средбата била заеднички нагласена важноста од професионално и транспарентно работење на ДИК пред и на денот на претстојниот референдум, со цел доверба на сите граѓани и политички субјекти во процесот.

На состанокот се разговарало за потребните услови за реализација на процедурите за спроведување на референдумот, како и за овозможувањето непречено извршување на законските обврски на ДИК поврзани со референдумот.

„Референдумот е обврска од важен државен карактер. Сите институции се должни да соработуваат со ДИК. И Владата стои на располагање, на принципиелно ниво, согласно законските овластувања, да обезбеди реализација на законските потреби на ДИК и тоа ќе го направиме“, рекол Заев.

Дерковски и членовите на ДИК изјавиле дека работат професионално, штедливо и домаќински и дека ќе продолжат во таа насока, за достоинствено да одговорат на законските обврски пред граѓаните.

„Верувам дека секој ја знае својата професионална и човечка одговорност за овој важен процес, должни сме сите професионално да си ја завршиме работата“, изјавил Заев.

На средбата се разговарало и за медиумската кампања поврзана со референдумот, за потребата од почитување на законските одредби поврзани со кампањата за референдумот од страна на сите чинители, како и за финансиските средства што му се потребни на Собранието за спроведување на медиумската кампања.

 

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе