Иницијатива 17+1

Заев на самит на Кина со Централна и источна Европа: Регионот има интерес за соработка со Кина

Сега е време да се подготвиме за пост-ковидската ера и обновување на нашите општества и економии, и во таа насока е важно да се интензивираат различните форми на економска соработка, порача премиерот Зоран Заев на денешниот Самит на Кина и земјите од Централна и Источна Европа – 17+1, што се одржа преку онлајн видео конференциска врска.

Според Заев, соработката во рамките на 17+1 треба да биде насочена кон специфични проекти и да има конкретни резултати, особено во областите на економската и трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти.

Дури и во овој предизвикувачки период, вели Заев, кога целиот свет се соочува со последици од пандемијата на ковид-19, минатата година, во рамките на 17+1, беа одржани еден министерски и неколку експертски видео состаноци, кои служат како добра можност за размена на информации и искуства во борба против вирусот. Тој изрази уверување дека овие состаноци беа навистина корисни за сите 17+1 земји и ја покажаа важноста на соработката во најтешки услови.

Заев потенцира дека за суштински развој и поголема соработка, особено е важно да се обезбеди слободна трговија, ослободена од административни пречки, понатамошно отворање на кинескиот пазар за производи од Централна и Источна Европа, фер конкуренција, еднаков третман на компаниите од регионот на кинескиот пазар, почитување на принципите на реципроцитет и принципот на взаемна корист, почитување на утврдените мултилатерални трговски правила на Светската трговска организација, и, како земја кандидат за ЕУ, во согласност со законот, политиките, вредностите и принципите на ЕУ.

Исто така истакна дека процесот на соработка има потенцијал да постигне поголема ефикасност и од зголемената регионална соработка и за заеднички пристап кон проектите што доаѓаат од иницијативата 17+1.

„Знаеме дека сите земји од Југоисточна Европа имаат специфични интереси во различни области, па затоа може да биде корисно да се размислува за зголемена регионална соработка за проекти што би биле од интерес за повеќе земји во одреден регион. Ова може да се направи во областа на инфраструктурата или енергијата, особено во врска со проектите за употреба на обновлива енергија и намалување на загадувањето на водата, воздухот и почвата, како заеднички придонес во нашата борба против климатските промени“, истакнал Заев.

Тој ги информира шефовите на држави или влади учесници на Самитот за имплементација на Стратегија за енергетска транзиција на Македонија во следните пет години со инвестиции во обновливи извори на енергија до 2030 година за одржлива иднина на овој план.

Заев во завршницата на своето обраќање посочи дека „Република Северна Македонија останува активен учесник во Иницијативата со најдобрите искуства од досегашните активности во бројните настани, како и од четвртиот Форум на министри за култура на Кина и земјите од ЦИЕ, кој во рамките на Иницијативата 17+1 беше одржан во ноември 2019 година во Скопје“.

Кинескиот претседател Си во своето обраќање на собирот се осврна на придобивките од Иницијативата и информира дека во име на идниот развој на соработката на Кина со земјите од Централна и Источна Европа, неговата држава во наредните пет години утврдила план за поголема вредност на увозот од овие европски земји во висина од 15 милијарди долари, како и зголемување на соработката во повеќе области како земјоделството, енергетиката, патната инфраструктура, образованието и особено во здравството, бидејќи Пекинг ја гледа Иницијативата 17+1 како крос-регионална платформа за соработка и на поле за сузбивање на пандемијата на Ковид-19 и на последиците од неа и ќе продолжи да биде активна во солидарната поддршка на земјите од Централна и Источна Европа.

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе