Денеска втора седница на Влада

Заев на новите министри ќе им даде мандатни писма со утврдена мисија и задачи

Владата денеска, во свечената сала ќе ја одржи втората седница на која премиерот Зоран Заев на министрите ќе им ги предаде мандатните писма со утврдената мисија и задачи во нивниот мандат.

Воведниот дел на седницата може да се следи и преземе од Јутјуб каналот на Владата или од фејсбук страницата на премиерот Заев. Оваа новина која Владата ја воведува Заев ја најави пред два дена.

Врачувањето на мандатните писма ќе се случи на почетокот на втората владина седница која ќе почне денеска во 13 часот.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе