По недобивањето датум за преговори

Заев на консултации со Али Ахмети и со партиските и владините најблиски соработници

Во Владата заврши консултацијата на премиерот Зоран Заев со лидерот на ДУИ Али Ахмети, коалицискиот владин партнер на СДСМ. Не е познат исходот од оваа средба.

Владата попладнево соопшти дека по недобивањето на датумот за преговори за членство во ЕУ во тек се консултациите на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со неговите најблиски владини и партиски соработници.

Во соопштенето се вели дека одлуката што ќе ја донесе Заев ќе биде во интерес на граѓаните и на државата.

Денеска се објавија неофицијални информации дека Заев ќе поднесе оставка на неговата премиерска функција. Исто така, објавени се и информациите дека неколкумина лидери на земји членки на ЕУ го убедувале Заев да продолжи со реформите во земјата и да не се откажува.

Германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Шведска и Словенија и многу други европски лидери денеска разговарале телефонски со македонскиот премиер Заев.

„Ве молам не се откажувајте. Целосно ја разбирам вашата фрустрација, затоа што вие го завршивте вашиот дел, а ние не. Апсолутно немам сомнеж дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ“, рече претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск во Брисел.

„Од сите европски лидери стигна јасна порака со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите. Сите оддадоа јасно признание за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и дека ние сме целосно подготвени, но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени“, брифираат од кабинетот на Заев. 

Во текот на денешниот ден премиерот Заев оствари комуникација и со првите луѓе на владите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и со други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Хан, соопшти Владата.

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе